*Генерален Директор 

Сенад Смаиловиќ 

Контакт: тел: 3 162 317

e-mail: senad@uip.gov.mk

Технички Директор

Исмет Тртовац

 

Јавното Претпријатие заради ефикасно извршување на дејностите кои ги извршува согласно Статутот се организира во Сектори и тоа:

Самостојни одделенија се: организациони единици кои не се во рамки на Сектор, туку се под директна надлежност на Директорот на Јавното претпријатие

-.Самостојно одделение за внатрешна ревизија

 

1.Сектор – Механизација

Во Секторот Механизација се вршат работи и задачи поврзани со производство на асфалтни мешавини, превоз на материјали, суровини и вработени,одржување и контрола на возилата и градежната механизација,изработка и поставување на различни метални конструкции и семафорски столбови,како и водење евиденција за времето поминато на работа на вработените.

*Раководител на Сектор Механизација

Бранко Атанасовски

Контакт: тел: 2 783 530;

e-mail: branko.atanasovski@uip.gov.mk

 

2.Сектор – Одржување и изградба на сообраќајници

 

Во секторот  Одржување и изградба на сообраќајници се вршат работи и задачи за одржување, изградба и реконструкција на сообраќајници,пешачки и велосипедски патеки и јавни рекреативни површини на подрачје на Град Скопје како и одржување  на корито на река Вардар нејзините притоки,реките Лепенец, Треска, Серава и отворените канали на подрачје на Град Скопје .

*Раководител на сектор одржување и изградба на сообраќајници

Сашо Џипунов

Контакт: тел: 3 162 317 локал.15;

e-mail: saso.dzipunov@uip.gov.mk

3.Сектор – Сообраќај

 

Во секторот Сообраќај се вршат работи и задачи за одржување во функционалана состојба на светлосна, хоризонтална и вертикална сигнализација,изведба на нова сообраќајна сигнализација и управување и контрола на сообраќајот,односно автоматизирано управување на сообраќајот, заради безбедно и непречено одвивање на сообраќајот на подрачје на Град Скопје.

*Раководител на Сектор Сообраќај

Иван Велевски

Kонтакт тел: 3 162 317 локал. 21;

e-mail:  ivan.velevski@uip.gov.mk

 

4.Сектор – Технички работи

 

Во секторот за Технички работи се вршат работи што се општи и заеднички, а се однесуваат на изработка на Ценовници, изготвување на понуди и предмер-пресметки, изготвување на технички реализации како и одржување на персонални компјутери и друга ИТ опрема како и проектирање-изработка на техничка документација за градби од втора категорија од областа на сообраќајно инженерство и градежништво.

*Раководител на Сектор Технички работи 

Соња Кимова-Делевска
Контакт: тел: 3 162 317 локал.15;

e-mail: sonja.kimova@uip.gov.mk

 

5.Сектор – Правно – општи работи и човечки ресурси

 

Во секторот за Правно – општи работи и човечки ресурси  се вршат работи поврзани со подготовката на општите и поединечните акти од надлежност на Управниот одбор и директорот на Претпријатието; застапување на Претпријатието во споровите пред надлежните судови и пред други надлежни органи и лица кои вршат јавни овластувања; покренување, водење и евидентирање на судски, управни и други постапки пред надлежни судови, органи и лица кои вршат јавни овластувања; подготовката и организацијата на седниците на Управниот одбор на Претпријатието и на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиско работење; управување со човечките ресурси во Претпријатието; архивското работење, внатрешна контрола, безбедност и заштита при работа,обезбедување и одржување на хигиена на претпријатието.

 

*Раководител на Сектор Правно-кадрови и општи работи

Марина Давчевска

Контакт: тел: 3 162 317 локал.25;

e-mail: marina.davcevska@uip.gov.mk


6.Сектор – Финансии

Во секторот Финансии се вршат работи кои се однесуваат на финансиското планирање и анализи, материјално-финансиско работење и планирање и спроведување на јавните набавки.

 

*Раководител на Сектор Финансии

Виолета Стаменковска

Контакт: тел: 3 162 317 локал.16;

e-mail: violeta.stamenovska@uip.gov.mk

 


*Лице за комуникација со граќани кои имаат одреден вид и степен на попреченост

Соња Кимова-Делевска

контакт: 3 162 317 локал.15

 

*.Службено лице за посредување со информации од јавен карактер

Ана Никoлoвскa

контакт: 3 162 317 локал.24

е-маил: info@uip.gov.mk

 

Во моментов вкупниот број на вработени во ЈП Улици и Патишта – Скопје е 254!